
Фото: Принтскрин
Трагедија го потресе Прилеп – тројца членови на иста фамилија загинаа во шокантен настан што се случи вчера попладне во една од градските населби.
Според информациите на Основното јавно обвинителство, 63-годишен маж прво го усмртил својот 43-годишен внук од сестра и неговиот 11-годишен син, а потоа си го одзел животот.
На социјалните мрежи се прошири фотографија од неговиот последен статус, кој е навистина морбиден.
