Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус белград грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка трагедија фросина кулакова штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Две лица осомничени за насилство врз Арсовска – за едно од нив се бара притвор

Gladiator 12/07/2025

Фото: Принтскрин

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поведена кривична постапка против две лица поради насилничко однесување кон градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, при нејзина службена посета на локација во изградба во Општина Чаир.

Според наводите од обвинителството, првоосомничениот, кој се претставил како сопственик на спорниот објект, започнал вербален конфликт со градоначалничката, при што ѝ упатил навреди и сериозни закани. Инцидентот ескалирал кога осомничениот физички ја нападнал Арсовска. Во тој момент, реагирале вработени од Град Скопје и припадници на Министерството за внатрешни работи, кои го тргнале напаѓачот од лице место.

„Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата “Севастополска”. Тој се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.

Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, пред се поради ризикот да го повтори, односно да го изврши делото со кое се заканувал, но и поради опасноста од бегство.

За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост кои вклучуваат забрана за приближување и воспоставување контакт со градоначалничката и другите оштетени, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, одземање на патната исправа и повремено јавување кај определено службено лице во судот“, објави Обвинителството.

Tags: Данела Арсовска напад насилство чаир

Continue Reading

Previous: МВР одобри 24-часовно обезбедување за Арсовска по нападот во Чаир
Next: (Видео) Емотивна изведба: Никола ги освои сите во Скопје со песната „Бисер балкански“

Слична содржина

(Видео) Голем камион со приколка се изврте на автопат – има загинати и повредени лица во Калифорнија

(Видео) Голем камион со приколка се изврте на автопат – има загинати и повредени лица во Калифорнија

12/07/2025
Припадникот на АРМ бил застрелан зашто ќерка му не сакала да се мажи

Припадникот на АРМ бил застрелан зашто ќерка му не сакала да се мажи

12/07/2025
Куќен притвор за лицето кое е осомничено дека ја нападнало Арсовска

Куќен притвор за лицето кое е осомничено дека ја нападнало Арсовска

12/07/2025

Најново

  • (Видео) Голем камион со приколка се изврте на автопат – има загинати и повредени лица во Калифорнија
  • Припадникот на АРМ бил застрелан зашто ќерка му не сакала да се мажи
  • Куќен притвор за лицето кое е осомничено дека ја нападнало Арсовска
  • (Видео) Емотивна изведба: Никола ги освои сите во Скопје со песната „Бисер балкански“
  • Две лица осомничени за насилство врз Арсовска – за едно од нив се бара притвор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(Видео) Голем камион со приколка се изврте на автопат – има загинати и повредени лица во Калифорнија

(Видео) Голем камион со приколка се изврте на автопат – има загинати и повредени лица во Калифорнија

12/07/2025
Припадникот на АРМ бил застрелан зашто ќерка му не сакала да се мажи

Припадникот на АРМ бил застрелан зашто ќерка му не сакала да се мажи

12/07/2025
Куќен притвор за лицето кое е осомничено дека ја нападнало Арсовска

Куќен притвор за лицето кое е осомничено дека ја нападнало Арсовска

12/07/2025
(Видео) Емотивна изведба: Никола ги освои сите во Скопје со песната „Бисер балкански“

(Видео) Емотивна изведба: Никола ги освои сите во Скопје со песната „Бисер балкански“

12/07/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (Видео) Голем камион со приколка се изврте на автопат – има загинати и повредени лица во Калифорнија
  • Припадникот на АРМ бил застрелан зашто ќерка му не сакала да се мажи
  • Куќен притвор за лицето кое е осомничено дека ја нападнало Арсовска
  • (Видео) Емотивна изведба: Никола ги освои сите во Скопје со песната „Бисер балкански“
  • Две лица осомничени за насилство врз Арсовска – за едно од нив се бара притвор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.