
Фото: Instagram/Zvezdegranda
Победникот на најновата сезона на „Ѕвезда Гранд“, Никола Станишиќ, денес официјално ја доби својата заслужена награда – клучевите од нов автомобил „Фиат“, на свечен настан што се одржа во Белград.
На примопредавањето присуствуваше и директорот на „Гранд продукција“, Горан Шљивиќ, кој прв му ја честиташе наградата на Никола и му посака многу безбедни и убави километри со новото возило.
Никола не ја криеше својата возбуда и задоволство, а во негов стил, со доза хумор, се пошегува пред новинарите дека размислува да се ослободи од автомобилот што досега го возел.
„Мислам дека ќе го ставам Рејнџ Роверот на продажба“, изјави Станишиќ.
Фото: Instagram/Zvezdegranda