
Фото: Принтскрин
Македонецот Никола Станишиќ ја освои публиката и жирито и се закити со победничката титула во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за 2025 година, чие финале се одржа во белградската Штарк Арена.
Под менторство на фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, младиот пејач успеа да се избори за првото место меѓу голем број кандидати, а победата ја прослави со емотивни зборови и благодарност до својата менторка и сите што го поддржале на патот до успехот.
Во изјава по финалето, Станишиќ откри интересен и емотивен момент поврзан со Цеца.
„За мене тоа е нејзината најдобра песна, не знам зошто – ‘Ako te ona odbije’. Се договоривме да ми ја отпее после финалето, а ќе ми ја пее и на свадбата“, изјави Никола со насмевка.