
Фото: Instagram/politikos_rs
Епархијата рашко-призренска поднесе трета кривична пријава против Никола Џуфка, државјанин на Република Албанија, кој лажно се претставува како православен епископ, поради упад во храм на Српската православна црква.
Тужбата, преку полномошник на Епархијата, била поднесена до обвинителството во Приштина на 30 јуни, а против Џуфка веќе се водат две постапки за истото кривично дело.
Како што се наведува во соопштението од Епархијата, Џуфка повторно го скршил катанецот на црквата „Свети Архангел Михаил“ од 14 век и по трет пат незаконски ја зазел црквата што е во сопственост на рашко-призренската епархија, обидувајќи се да ја присвои за својата лажна организација.
Фото: Instagram/politikos_rs