
Фото: Принтскрин
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево упати остра критика кон владејачките партии, оценувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалиционен партнер ЗНАМ се „колаборационисти“ кои со години, како што рече, лажат и шират хистерија во јавноста.
Тој нагласи дека суштинскиот проблем не е поседувањето бугарски документи, туку дволичноста и политичкото лицемерие.
„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се ‘бореле со Бугарите’, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив. И не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот“, изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина „Мугра на слободата“ во Крушево.