
Фото: Принтскрин
Според информациите објавени од бугарската агенција БГНЕС, во најновата верзија на нацрт-извештајот за напредокот на Македонија кон Европската Унија, зборовите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ биле отстранети. Како што се наведува, ваквата формулација е резултат на договор меѓу трите најголеми политички групации во Европскиот парламент.
Оваа информација беше потврдена и од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој и претходно бил активен во однос на прашањата поврзани со македонско-бугарските односи во европскиот контекст.
На ова остро реагираше и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој на утринска прес-конференција ја нарече ситуацијата „брутален обид за отстранување на македонскиот идентитет и јазик на талибански начин“. Според него, отстранувањето на тие термини од извештајот е јасен показател дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав не е крај на условувањата, туку само почеток на подлабоки процеси, кои – како што рече – водат кон редефинирање на македонскиот национален идентитет.