
Фото: Принтскрин
На 1 јули 2025 година, во 09:15 часот, охридската полиција го привела 35-годишниот С.Г. од Охрид, под сомнение дека извршил семејно насилство. Според првичните информации, на 30 јуни околу 22:10 часот, во еден ноќен клуб во Охрид, тој физички ја нападнал својата сопруга.
Инцидентот бил пријавен до надлежните служби, по што биле преземени мерки за негово приведување.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, а против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.