
Фото: Принтскрин
Венера, мајката која ја потресе јавноста со објавената снимка на која нејзиниот поранешен партнер физички го малтретира нивното четиригодишно дете, бара поддршка и солидарност од граѓаните.
На видеото, кое предизвика силни реакции, се гледа како таткото го удира детето и му се заканува со убиство, сцени што го шокираа целото општество.
Во обид да ѝ помогне на Венера и нејзиното дете да започнат нов и безбеден живот, фондацијата „E-crowd“ упати јавен апел за поддршка.
„Во време кога ја очекувала својата втора ќерка, мајка од Скопје одлучила да вложи сè во иднината – го продала својот стан за да помогне да се изгради семејна куќа во Драчево. Во неа сакала да обезбеди топол и безбеден дом за своите три девојчиња: Нина (9), Дијана (4) и Ана Марија (3). Но, токму таму започнал кошмар кој траел премногу долго. По серија случаи на семејно насилство, кулминирано со физички напад врз едно од децата, мајката конечно го прекинува молкот. Започната е и правна постапка – не само за заштита, туку и за преземање на домот кој самата го финансирала и бракоразводна постапка. Таа е вработена како асистент во Црвен крст на Македонија и со сите сили се бори да им овозможи сигурен, стабилен и достоинствен живот на своите деца, без повторна траума од селење“, се вели во кампањата.