
Фото: Принтскрин
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека до Основното јавно обвинителство се доставени нови 20 предмети кои се однесуваат на сомнителни постапки за легализација на објекти во општина Чаир.
Како што истакна Арсовска, станува збор за сериозни сомнежи за злоупотреба на службена положба и користење на фалсификувана документација при легализирањето на градби.
„Се започнува така што одредени лица – газда Вики и газда Ики – градат нова небезбедна зграда, а за да заштедат на проекти и комуналии, користат стари бројчиња за легализации. Законот не дозволува легализација на цели згради, па тие наоѓаат неколку лица, најчесто деца, на чие име ги запишуваат објектите,“ наведува Арсовска.
Посебно алармантно, според неа, е што во документацијата стои дека децата, кои денес се полнолетни, барањата за легализација ги поднеле во 2011 година, кога имале само 5, 6 или 10 години – што е очигледен фалсификат. „Овие деца се наведени како градители на милионски објекти, во време кога не можеле ни правно, ни финансиски да изведат такви работи“, објави Арсовска.