
Фото: Петар Богојески
Поранешниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, кој неодамна беше разрешен на иницијатива на Брисел, објави на социјалните мрежи дека ќе се приклучи на академската заедница на Воената академија „Михајло Апостолски“.
„Почитувани граѓани, со особено задоволство и почит кон вас, Ве известувам дека денес бев избран во наставно – научно звање од страна на ННС на Воена Академија – Скопје.
Со тоа и официјално сум дел од наставната фела на оваа највисоко реномирана, научна и образовна институција!
Во исто време, продолжувам со научната и образовна дејност на Универзитетот за мир на Обединетите Нации, ЊуЈорк, САД. Се гледаме наскоро и во служба на народот“, објави Богојески.