
Фото: Принтскрин/Фемина.мк
На само тригодишна возраст, малата Софија извојува херојска победа – таа ја победи леукемијата. Пред еден месец, облечена во шарен костим и со сјај во очите, храбро заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје – гест што за многу деца и нивните семејства претставува симболичен крај на долготрајната борба и почеток на едно ново, посветло поглавје во животот.
Тоа беше момент исполнет со силни емоции, солзи, но и неверојатна гордост – особено за нејзината мајка Кристина, која ја помина секоја битка покрај својата ќерка.
„Иако беше малку срамежлива, со моја поддршка, Софија собра сила и го заѕвони ѕвончето. Тој звук ќе остане засекогаш врежан во моето срце“, раскажува Кристина за „Фемина“.
Фото: Принтскрин/Фемина.мк