Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Русија Скопје Србија Украина Фросина Кулакова Христијан Мицкоски автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка тетово трагедија украина фросина кулакова штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Ако патувате кон Грција, ова мора да го знаете за да не заглавите во гужва

Gladiator 27/06/2025

Фото: Принтскрин

Градежните активности на големиот инфраструктурен проект „Надвозник“ во Солун, кој се реализира на познатата градска обиколница (Периферијакос), предизвикуваат внимание и одредена загриженост кај туристите кои летово планираат да отпатуваат во Грција, особено кон популарниот регион Халкидики.

Според информациите објавени од „Грик Инфо“, проектот е обемен и ќе трае до крајот на 2027 година, при што ќе опфати неколку фази долж главната сообраќајна артерија на Солун. Иако работите се одвиваат на повеќе точки, сообраќајот на обиколницата продолжува релативно нормално. На одредени делници бројот на ленти е намален од три на две, но сообраќајот не е во целост блокиран, туку се одвива со минимални забавувања, без сериозни застои.

Во текот на летната сезона, особено во јули и август, метежот останува ограничен, освен во случаи на сообраќајни инциденти или дефекти на возила. Сепак, на туристите им се препорачува да го избегнуваат патувањето по обиколницата во периодите со најголема фреквенција – утринските часови од 7:00 до 10:30 часот и попладневните од 15:00 до 19:00 часот.

Посебно внимание се препорачува во сабота околу 10:00 часот, кога се зголемува протокот на возила во насока кон Халкидики, бидејќи локалните жители традиционално патуваат кон море за викенд. На патниците кои пристигнуваат во Солун во сабота им се советува да го планираат влезот во градот во раните утрински часови, за да избегнат можни застои.

За оваа година, градежните активности ќе се концентрираат во близина на болницата „Папагеоргиу“, во близина на 87-миот километар од влезот во Грција, веднаш по исклучувањето кон Серес, Аспровалта, Кавала и Тасос, и ќе продолжат сè до излезот кон Халкидики. Ова значи дека патниците што се упатуваат кон летувалиштата долж Полуостровот ќе треба да бидат подготвени за малку подолго патување на оваа делница.

Како алтернатива, на располагање се и патишта низ градот, преку индустриската зона или центарот на Солун. Многу туристи користат улици како Егнација или крајбрежната улица Никис, кои можат да бидат солидна замена за обиколницата, особено во периоди на поголема сообраќајна густина.

И покрај градежните зафати, туристите не треба да стравуваат – Солун во август е генерално помалку населен, бидејќи голем дел од локалното население заминува на одмор, а постојат и повеќе алтернативни рути низ градот што можат да се искористат доколку е потребно.

Tags: солун сообраќај халкидики

Continue Reading

Previous: Маж тепал и давел сопруга со чадор во алкохолизирана состојба
Next: Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Слична содржина

Малата Софија ја доби најтешката битка и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника

Малата Софија ја доби најтешката битка и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника

27/06/2025
Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Значително намалување на цените на горивата од полноќ

27/06/2025
Маж тепал и давел сопруга со чадор во алкохолизирана состојба

Маж тепал и давел сопруга со чадор во алкохолизирана состојба

27/06/2025

Најново

  • Малата Софија ја доби најтешката битка и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника
  • Значително намалување на цените на горивата од полноќ
  • Ако патувате кон Грција, ова мора да го знаете за да не заглавите во гужва
  • Маж тепал и давел сопруга со чадор во алкохолизирана состојба
  • Целосна забрана за движење на шумите од 1 јули – казни до 2.000 евра

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Малата Софија ја доби најтешката битка и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника

Малата Софија ја доби најтешката битка и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника

27/06/2025
Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Значително намалување на цените на горивата од полноќ

27/06/2025
Ако патувате кон Грција, ова мора да го знаете за да не заглавите во гужва

Ако патувате кон Грција, ова мора да го знаете за да не заглавите во гужва

27/06/2025
Маж тепал и давел сопруга со чадор во алкохолизирана состојба

Маж тепал и давел сопруга со чадор во алкохолизирана состојба

27/06/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Малата Софија ја доби најтешката битка и заѕвони на ѕвончето на Детската клиника
  • Значително намалување на цените на горивата од полноќ
  • Ако патувате кон Грција, ова мора да го знаете за да не заглавите во гужва
  • Маж тепал и давел сопруга со чадор во алкохолизирана состојба
  • Целосна забрана за движење на шумите од 1 јули – казни до 2.000 евра

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.