
Фото: Принтскрин
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на своите социјални мрежи сподели прилог од емисијата „Код“, која се фокусира на проблемот со нелегалната градба во скопската општина Чаир. Особено внимание во емисијата беше посветено на случајот на Афродита Серафимовска, жителка на Чаир, која заедно со сопругот во 2018 година отпатувала на подолг престој во Холандија.
По нивното враќање, како што се наведува во прилогот, Серафимовска со изненадување открила дека оградата од нејзиниот семеен двор на улицата Дижонска била отстранета, а на самата парцела никнала нова градба – целосно изградена куќа, без нивна дозвола и знаење.
„Има ли некој во Македонија што се бори за правда, што ќе го заштити послабиот и нападнатиот, што ќе помогне на оној КОЈ НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА ПРЕД КРИМИНАЛЦИ!“, пишува Арсовска.