
Фото: Принтскрин
Иранските државни медиуми утрово објавија вест за прекин на огнот кој го најави претседателот на САД, Доналд Трамп, меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност било „наметнато на Израел“ по, како што наведуваат, „успешниот ирански воен одговор на американската агресија“.
Како што потсетуваат, Иран вчера изведе напад врз американската воена база во Катар, како одговор на воздушните напади на САД еден ден претходно врз иранските нуклеарни постројки.
Во извештајот на иранската државна телевизија се наведува и дека Трамп го побарал примирјето „на начин кој личел на молење“, со што се обидуваат да оформат наратив за домашната јавност во кој Иран, и военo и дипломатски, ги надминал противниците.
Трамп, сепак, на својата социјална мрежа Truth Social изнесе сосема поинаква верзија на настаните. Тој тврди дека Израел и Иран му се обратиле „речиси истовремено“ и му порачале: „мир“.