
Фото: Принтскрин
Четиригодишно девојче од Македонија се соочило со сериозен срцев проблем додека било на плажа во туристичкото место Неа Врасна, Грција.
Инцидентот се случил пред очите на нејзините родители, кои веднаш побарале помош. За среќа, во близина се нашол српскиот медицински техничар Саша Костиќ, кој без двоумење реагирал и со брза и стручна интервенција успеал да ѝ го спаси животот на детето.
Костиќ во гостување за емисијата „Утро на Прва“ ги сподели деталите од настанот, велејќи дека секунда невнимание можела да биде фатална и дека е пресреќен што успеал да помогне токму во вистинскиот момент.