
Фото: Принтскрин
Од Детската клиника во Скопје пристигна уште една трогателна и радосна вест – малиот Марко ја заврши својата храбра битка со тешката болест и со насмевка на лицето го заѕвони победничкото ѕвонче, симбол на извојуваната победа над болеста.
Овој емотивен момент беше овековечен на видео и споделен на официјалната страница на Клиниката за детски болести на Facebook, предизвикувајќи бројни реакции.