
Фото: Принтскрин
Две лица, една македонска државјанка и еден маж од Србија, вчера трагично го загубија животот на различни локации на Халкидики, откако биле пронајдени во морето во безсознание и подоцна прогласени за починати.
Според грчките медиуми, во четвртокот, на 19 јуни 2025 година, попладне, пристанишната служба во Неос Мармарас добила пријава за безживотно тело на постара жена во водите кај плажата Метаморфоси, на полуостровот Ситонија. Станува збор за 77-годишна државјанка на Македонија.
Жената била итно извадена од морето и со возило на Итната медицинска служба ЕКАБ транспортирана до здравствениот центар во Агиос Николаос, каде лекарите констатирале смрт.