
Фото: Принтскрин
Василија Петрова, иако родена во Бугарија, со гордост истакнува дека се чувствува како Македонка и дека има посебна љубов кон македонската музика.
Тоа го потврдуваат и нејзините бројни настапи, како во Македонија, така и пред нашата дијаспора ширум светот. Овие денови, вистински хит на социјалните мрежи стана видео од нејзин настап, кое ги освои срцата на љубителите на македонската песна.
На видеото, Василија со многу емоција ја изведува една од најпознатите македонски народни песни за време на настанот „Македонски ден во Швајцарија“, што го организира македонската заедница во оваа земја.
Фото: Принтскрин