
Фото: Принтскрин
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Гевгелија одржа работна средба со членовите на општинската организација на партијата.
На состанокот, Филипче остро ја критикуваше актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека партијата со своето однесување ја попречува европската перспектива на државата.
„Огромно е разочарувањето на граѓаните од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Причините сите ги знаеме, неисполнети ветувања, катастрофа во економијата, пад на животниот стандард на граѓаните, секојдневни скандали кои ја тресат власта, блокирана иднина на државата. Последните две анкети кои што се направени и завршени пред неколку денови покажуваат пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ од 100.000 гласа споредено со ланските избори“, вели Филипче.