
Фото: Принтскрин
Кога пријателството се темели на услови, добрососедските односи добиваат форма на притисок, а историјата се претвора во инструмент за политичко уценување – тогаш станува неопходно јасно и решително да се постават границите. Премиерот Христијан Мицкоски упати јасна и недвосмислена порака: Македонија нема да прави компромиси кога се работи за националниот идентитет.
Во контекст на засилената дипломатска напнатост меѓу Скопје и Софија, особено во пресрет на расправата во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент за извештајот за напредокот на Македонија, Мицкоски апелираше до бугарските европратеници да ги повлечат амандманите во кои, според него, се негира историското постоење на македонскиот идентитет со формулацијата дека тој е „сегашен“.
„Очекувам на 24 јуни, бугарските членови во Европарламентот да покажат дека зборовите им се во склад со делата. Нека ги повлечат амандманите и нека дозволат извештајот да биде усвоен во европски дух“, кажа Мицкоски.