
Фото: Принтскрин
Рано утрово, во 04:34 часот, југозападниот дел на Македонија беше погоден од земјотрес со магнитуда од 3.8 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците од сеизмолошките служби, епицентарот се наоѓал на околу 9 километри североисточно од Охрид, на длабочина од 10 километри. Прецизните координати на епицентарот се 41.180° северна географска ширина и 20.860° источна географска должина.
Тлото се затресе и во поширокиот регион, а потресот беше почувствуван и во соседна Албанија, особено на подрачјето околу Елбасан, на оддалеченост од приближно 66 километри источно-североисточно од градот.