
Фото: Принтскрин
Вишваскумар Рамеш, единствениот патник кој ја преживеа тешката авионска несреќа на индискиот авиопревозник „Ер Индија“, раскажува за моментите на ужас по трагедијата во која животот го загубија 270 лица.
„Кога се разбудив, мислев дека сонувам кошмар. Сѐ околу мене беше во пламен. Имаше остатоци, чад, изгорени тела… Не можев да поверувам дека сум жив“, изјави Рамеш од болничкиот кревет за индиската национална телевизија.
Тој бил веднаш хоспитализиран по несреќата, а за медиумите открива дека авионот се однесувал чудно уште при самото полетување. „Имав чувство дека леталото е заглавено во воздухот. Забрза нагло, но никогаш не доби доволно висина. Потоа следуваше силен удар“, рече тој.