
Фото: Принтскрин
Владимир Бурев од Штип, за кого вчера беше објавен повик за помош поради неговото исчезнување, е пронајден жив и здрав. Веста за неговото исчезнување брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи голема загриженост меѓу јавноста и поттикнувајќи бројни граѓани да помогнат во потрагата.
Неговата сестра денеска преку објава на социјалните мрежи информираше дека Владимир се вратил дома и дека е во добра состојба.
Таа им се заблагодари на сите кои се вклучиле во споделувањето на апелот и понудиле поддршка и информации.
