
Фото: Принтскрин
Денеска се очекува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да ги објави новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ. Оваа одлука доаѓа по минатонеделното намалување на цените, кога бензините поевтинија за 0,5 денари, а дизелот се намали за 1,5 денари по литар.
Според актуелната одлука, цените на дериватите во моментов се следни:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по 75,00 денари за литар,
- ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 денари за литар,
- ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 65,50 денари за литар.