Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Арсовска е уценета и врзана – со морков и со стап“, велат од владејачката партија

Gladiator 01/06/2025

Фото: Принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ѝ одговори на градоначалничката Данела Арсовска, за која посочи дека била уценета и врзана. Во продолжение следи нивното соопштение.

„Кога Данела Арсовска ќе го нападне Христијан Мицкоски, тоа е по нарачка на СДС и Али Ахмети. Додека таа лае по Мицкоски, нејзините вистински газди – градоначалникот на Сарај и раководството на ДУИ – си ја завршуваат работата во тишина.

Данела Арсовска е главниот инструмент на ДУИ во борбата против ВМРО-ДПМНЕ. Таа е уценета и врзана – со морков и со стап. Преку бизнис интереси, преку лични слабости, преку емотивни врски и релации, ДУИ ја држи целосно под контрола. Секој што имал средба со неа гледа дека нешто не е во ред, дека жената има внатрешен немир, лична конфузија и политичка дезориентација. Арсовска одамна не одлучува сама – таа е само гласноговорник на интересите на СДС и на Ахмети, а неволно или свесно, соработник на криминалот кој го притиска Скопје.

Додека таа, со залутан и празен поглед – веројатно резултат на емоции и нарачки темелени врз уцени и лични слабости – напаѓа и скока во јавноста барајќи внимание кое, наместо да го добива за проекти и резултати, го бара секогаш кога сме пред избори, и тоа преку дрски и невоспитани напади кон ВМРО-ДПМНЕ, без да изусти збор за ДУИ и СДС, можеме само да констатираме дека ваквиот недоличен однос зборува најмногу за неа – и за друштвото со кое редовно се среќава по скопски Сарај и со кое сè почесто патува. Жалиме за тоа што ѝ се случува, и ќе издржиме уште неколку месеци сите ние како граѓани во овој политички театар што ни го приредува. А потоа, кога ќе ѝ заврши „употребната вредност“ за оние што сега ја командуваат, само ќе ѝ посакаме среќа во емотивните разрешници.

Штета е што во овие 3,5 години, жената се разбудила од емоционалната сенка само трипати. И секој пат – пред избори. И секој пат – против ВМРО.

Жално е, но уште пожално е изгубеното време за Скопје и за Македонија. Време кое ќе го надокнадиме по локалните избори – со нова енергија, со силни реформи, со проекти што се гледаат и со работа што ќе се почувствува. Скопје ќе добие шанса за нов почеток, откако ќе си замине срамот што денес го претставува.

Нејзините лажни пријави не можат да ја сокријат вистината,  дека со нејзин потпис се вршеа милионски криминали, дека се потпишуваа договори со сомнителни фирми, дека се спроведуваше политичка одмазда врз вработените, а улиците на главниот град беа претворени во дупки и руини.

Скопје ќе се врати на скопјани. Без ДУИ, без Ахмети, без лажните политичари од Сарај. И без Данела“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска

Continue Reading

Previous: Необична прослава на матура: Професори на неверојатен начин ги изненадија учениците (Видео)
Next: Тргнал кон Грција и веднаш зажалил: Останал без 1.000 евра, а одморот уште не ни почнал

Слична содржина

(Видео) Изгубил пулс 45 минути, а потоа неочекувано се разбудил: Маж откри неверојатна визија за „задгробен живот“

(Видео) Изгубил пулс 45 минути, а потоа неочекувано се разбудил: Маж откри неверојатна визија за „задгробен живот“

06/09/2025
(Видео) Скопјани одговараат на анкета: Северна Македонија или Република Македонија?

(Видео) Скопјани одговараат на анкета: Северна Македонија или Република Македонија?

06/09/2025
(Видео) Лековита вода која гори: Познато каде се наоѓа и што лекува

(Видео) Лековита вода која гори: Познато каде се наоѓа и што лекува

06/09/2025

Најново

  • Ангелов со нови детали: Според мене ова е подметнат пожар!
  • (Видео) Нови снимки од големиот пожар во Скопје – се гасне со хеликоптер и ер-трактор
  • (Видео) Огромен пожар во Скопје
  • Ѓорческа декласира грчка тенисерка и избори финале во Букурешт
  • Загрижувачки податоци: 100.000 сообраќајни прекршоци се регистрирале дневно на автопатите во Македонија

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Ангелов со нови детали: Според мене ова е подметнат пожар!

Ангелов со нови детали: Според мене ова е подметнат пожар!

13/09/2025
(Видео) Нови снимки од големиот пожар во Скопје – се гасне со хеликоптер и ер-трактор

(Видео) Нови снимки од големиот пожар во Скопје – се гасне со хеликоптер и ер-трактор

13/09/2025
(Видео) Огромен пожар во Скопје

(Видео) Огромен пожар во Скопје

13/09/2025
Ѓорческа декласира грчка тенисерка и избори финале во Букурешт

Ѓорческа декласира грчка тенисерка и избори финале во Букурешт

13/09/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Ангелов со нови детали: Според мене ова е подметнат пожар!
  • (Видео) Нови снимки од големиот пожар во Скопје – се гасне со хеликоптер и ер-трактор
  • (Видео) Огромен пожар во Скопје
  • Ѓорческа декласира грчка тенисерка и избори финале во Букурешт
  • Загрижувачки податоци: 100.000 сообраќајни прекршоци се регистрирале дневно на автопатите во Македонија

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.