
Фото: Danela Arsovska
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со ново видео обраќање објавено на нејзината официјална Фејсбук страница, упати сериозни обвинувања кон нејзиниот колега од Чаир, градоначалникот Висар Ганиу. Таа го обвини за тешки неправилности и злоупотреби во постапките за легализација на бесправно изградени објекти.
Во директно вклучување од терен, Арсовска покажа конкретен пример – станбена зграда за која, според неа, нема никаква важечка градежна дозвола и е подигната на државно земјиште.