
Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT
Македонската теквондистка Душица Бреслиева, членка на ТК Штип, освои бронзен медал во категоријата јуниорки до 55 килограми на меѓународниот турнир „Солун Опен Е1“, кој викендов се одржа во Грција.
Бреслиева настапи со одлична форма и ја започна својата кампања со убедлива победа од 2:0 против домашната натпреварувачка Толиа Ноли. Во втората борба продолжи во ист стил, совладувајќи ја Фиска Мелина Димитра исто така со резултат 2:0, со што обезбеди место во полуфиналето.
Во борбата за финале се соочи со Спаноу Лемониа Мариа од Грција, но по тешка и неизвесна борба, Бреслиева беше поразена со 0:2, со што го освои третото место и се закити со бронзениот медал.