
Фото: Принтскрин
Црвениот крст на Србија денеска објави дека преку хуманитарната акција за помош на семејствата на повредените во неодамнешниот пожар во Македонија се собрани вкупно 15.301.434,40 динари.
Како што се наведува во соопштението, поголемиот дел од средствата – 10.004.000 динари, односно 85.178,88 евра – веќе се префрлени на сметката на Црвениот крст на Македонија кон крајот на април.
Преостанатите 5.297.434,40 динари ќе бидат префрлени во текот на наредната недела, со што ќе се комплетира целосната помош собрана преку оваа акција.