
Фото: Принтскрин
Српската влада планира да се задолжи со 1.921.500.000 евра за набавка на 12 француски борбени авиони „Рафал“ заедно со придружна опрема и услуги. Кредитниот аранжман е договорен со повеќе француски банки и финансиски институции, објави „Форбс Србија“.
Согласно важечките закони, особено Законот за јавен долг, договорот за задолжување мора да биде одобрен од страна на Националното собрание на Србија. Предлог-законот за потврдување на овие кредитни аранжмани веќе е објавен на официјалната веб-страница на српскиот парламент.
Овој потег е дел од пошироката стратегија на Белград за модернизација на вооружените сили и зајакнување на воздушната одбрана, во услови на зголемена геополитичка неизвесност во регионот и пошироко.