
Фото: Ина Многуфина/Фејсбук
Инфлуенсерката „Ина Многуфина“ повторно објави статус кој привлече големо внимание, а во истиот пишува за недвижностите во Македонија и Италија.
„Кузнае шо имам стискано тука и два дена ми излагаат агенции за недвижности во Италија. И си гледам така куќи по тоа зеленилата, Тоскана и тоа околу, и некако една жал коа ми дојде, ми се насолзија очите. Гледам куќа продаваат за 35 000€. Сигурно се многу паднати дека сега сите кај нас купуваат, ние шиткаме по 3000€ квадрат во Центар и градиме да може да постигнеме цел свет да се досели, а они види греота, 35 000 куќа. За тие пари кај нас 12 квадрати ќе купиш. Тажно, многу жал ми падна како ги имаме изрикано несакајќи“, напиша „Ина Многуфина“.