
Фото: Принтскрин
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска се зголемува за два денари по литар, со што новата малопродажна цена ќе изнесува 77,5 денари, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Според донесената одлука, цените на останатите горива остануваат непроменети. Тоа значи дека граѓаните ќе продолжат да ја плаќаат истата цена за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.