Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Утре протест кај Универзална за Фросина: Ова е плукање врз нашата болка, судот по втор пат ја уби

Gladiator 13/05/2025

Фото: Принтскрин

Судот денеска изрече казна од 12 години за возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова.

Нејзината сестра Росица Кулакова за утре од 17 часот најави протест кај Универзална сала, по што ќе продолжат кон судот.

„Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство. 12 години за животот на Фросина. 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин на зелено. 12 години за искршен череп, распарчено срце и уништена иднина.

Ова не е пресуда. Ова е плукање врз болката на цело наше семејство и врз болката на сите што ја сакаа Фросина. Во оваа фарса убијците добиваат милост, а невините жртвите завршуваат во правни архиви.

Кои се тие олеснителни околности? Дека не побегнал? Дека вриштел врз мртвото тело на сестра ми за последиците кои нејзината смрт ќе ги има на неговиот мизерен живот? Дека е “спортист”? Дека е жив? А Фросина? Фросина немаше ни една олеснителна околност. Фросина сега има само гроб.

Овој суд не донесе правда. Донесе јасна порака: во оваа земја, убиството се исплаќа

Ова не е пресуда што ја задоволува правдата. Ова е потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете. Ова е доказ дека во нашата судска пракса неказнивоста стана правило, а на правдата и се врзани рацете

Срам да ви е!

Ние нема да молчиме и од нашата болка правиме повик за промена. Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи. За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде!

📍Се гледаме утре во 17.00ч пред Универзална Сала – на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби.

Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Денес за Фросина, а утре и за сите останати потенцијални жртви на корумпираниот систем на неказнивоста“, објави Росица.

Tags: Васил Јованов Фросина Кулакова

Continue Reading

Previous: Адвокатот на Васил Јованов: Казната е превисока!
Next: Зеленски бара директни преговори со Путин во Турција

Слична содржина

(ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани

(ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани

05/11/2025
(ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова

(ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова

05/11/2025
Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот

Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот

05/11/2025

Најново

  • (ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани
  • (ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова
  • Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж избоде жена со нож во Милано
  • Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани

(ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани

05/11/2025
(ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова

(ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова

05/11/2025
Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот

Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот

05/11/2025
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж избоде жена со нож во Милано

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж избоде жена со нож во Милано

05/11/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани
  • (ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова
  • Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж избоде жена со нож во Милано
  • Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.