
Фото: Grok AI
Во раните утрински часови денеска, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево го привеле 48-годишниот Е.А. од селото Србјани, под сомнение дека извршил тешко кривично дело – убиство.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, околу 07:00 часот во Полициската станица Кичево пристигнало известување од Итната медицинска помош дека во нивните простории дошло лице кое признало дека ги нападнало своите родители со секира во семејниот дом во село Србјани.
Екипа на Итната помош веднаш интервенирала и ги пренела повредените во Медицинскиот центар во Кичево. За жал, 74-годишниот У.А., татко на осомничениот, им подлегнал на повредите, додека неговата сопруга Ф.А. (67) е во исклучително тешка и неконтактна состојба, борејќи се за живот.
Осомничениот Е.А. е приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот.