
Фото: Принтскрин
Првиот ПОС-терминал е инсталиран во една црква во Атина, со што храмовите во Грција почнуваат да го прифаќаат чекорот кон модернизација и дигитализација на донациите.
Овој потег, освен што го олеснува процесот на донирање, се гледа и како начин да се зголеми транспарентноста во ракувањето со донациите. Дополнително, црквите се надеваат дека на овој начин ќе се поттикне и помладата генерација, која поретко користи готовина, да учествува во црковниот живот.