Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(Видео) Се бореше со рак, депресија и алкохолизам, па победи во тешката борба и стана херој на Интер

Gladiator 07/05/2025

Фото: Принтскрин

Франческо Ачерби е еден од најголемите херои во триумфот на Интер над Барселона и пласманот во финалето на Лигата на шампионите. Кога изгледаше дека сè е готово, 37-годишниот стопер се приклучи во нападот и со мајсторска реакција пред голот во 93. минута постигна гол за продолженија, во кои Интер ја обезбеди победата.

За Ачерби тоа беше прв гол во кариерата во европските натпреварувања, а го прослави на многу емотивен начин. Го соблече дресот и потрча кон клупата, каде што го пречекаа воодушевени соиграчи. Нема сомнеж дека тоа беше еден од најемотивните фудбалски моменти во неговиот тежок живот.

До 22-годишна возраст играше фудбал само аматерски, а кога неговата кариера почна да се развива, го погоди смртта на татко му. Падна во депресија и се оддаде на алкохол. Иако и самиот вели дека звучи парадоксално – животот му го спаси токму ракот.

Ачерби е роден на 10 февруари 1988 година во Вицоло Предабиси, општина во близина на Милано. Фудбалската кариера ја започнал во локалниот клуб Павија, каде до својата 22. година играл во третата и четвртата лига. Во летото 2010 година се преселил во второлигашката Реџина, а по само една сезона направил трансфер во Серија А и заиграл за Киево.

Таму блесна и го доведе Милан, но не успеа да се наметне. Во тој период ги проживуваше најтешките моменти во својот живот. „Почина во февруари, малку пред мојот трансфер во Милан во 2012 година. По неговата смрт се чувствував празно и фудбалот ми беше безначаен. Почнав да пијам и, верувајте ми, ќе испиев сè што ќе ми се најдеше. Сè тргна надолу, станав арогантен. Сè додека не добив рак“, раскажа Ачерби.

Во летото 2013 година, кога се пресели во Сасуоло, на лекарскиот преглед му открија рак на тестисите. По операцијата со која беше отстранет туморот, започна повторно да игра, но до крајот на истата година ракот се врати. Го победи по повеќе од два месеци хемотерапија и веќе од наредната сезона повторно беше на теренот.

Денес објаснува дека токму ракот му го спасил животот. За време на лекувањето се откажал од алкохолот, почнал да живее здраво и целосно му се посветил на фудбалот. „Порано мислев дека ќе играм 15 години во Милан, на највисоко ниво. Денес не мислам така. Да не добиев рак, ќе се пензионирав на 28 години. Можеби ќе останев во Серија Б, но вистинскиот живот за мене започна кога се разболев од рак. Тогаш добив втора шанса“, изјави тој.

По победата над ракот, четири сезони беше стандарден играч во Сасуоло, а во 2018 година Лацио го купи за 12 милиони евра. Стана репрезентативец на Италија и го освои Европското првенство во 2021 година. Во Лацио остана до 2022 година, а на 34-годишна возраст го направи трансферот на кариерата и потпиша за Интер. Со Интер ја освои италијанската лига и купот, и по втор пат ќе игра финале во Лигата на шампионите, надевајќи се дека овој пат ќе стигне до самиот врв.

Tags: Интер Франческо Ачерби

Continue Reading

Previous: Дедо од Македонија отишол да се запознае со девојка во Белград – го претепале и ограбиле!
Next: Ќосето бурно реагираше по ослободувањето на газдата на „Пуцко Петрол“

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието

10/03/2026
Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи

10/03/2026
(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

(ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов

10/03/2026
(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

(ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор

10/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Ќе се зголеми ли повратот од „МојДДВ“? Еве како гласаа пратениците во Собранието
  • Уапсен 52-годишен професор кој барал од средношколка да имаат полови односи
  • (ФОТО) „Потонаа“ цените на нафтата на берза: Еве колку чини во моментов
  • (ВИДЕО) Брутално ги претепале пред ноќен клуб во Загреб: Еден од нив неодамна оперирал тумор
  • (ФОТО) „Ако ти е мала платата, те чекаме на протест“: Трендафилов го најави протестот во Скопје

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.