
Фото: Index.hr/Читател
Утрово на автопатот А3 во Хрватска, помеѓу излезите Поповача и Криж, се случи сериозна сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со регистарски таблички од Босна и Херцеговина.
Според првичните информации од хрватската полиција, трагедијата заврши со најмалку две жртви, а повеќе лица се здобиле со повреди од различен степен.
Повредените патници се транспортирани во неколку болници – во Сисак, Загреб и Пакрац, каде што им се укажува медицинска помош.
Несреќата доведе до целосен прекин на сообраќајот на делницата каде што се случи инцидентот.