
Фото: Принтскрин
Српскиот вицепремиер и министер за финансии, Синиша Мали, во интервју за емисијата „Дневник“ на Радио-телевизија Србија (РТС), сподели детали за непријатната ситуација што ја доживеал претседателот Александар Вучиќ за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави.
Мали, кој бил дел од делегацијата во САД, раскажа дека Вучиќ ненадејно се почувствувал лошо токму пред важна неформална средба со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. „Долго време се подготвувавме за тој состанок, но во еден момент, наеднаш, му се слоши. Навистина ми е тешко да зборувам за тоа, бидејќи ова е веќе четврти пат кога се соочува со ваква здравствена состојба,“ изјави Мали.
Според неговите зборови, Вучиќ ја напуштил Воено-медицинската академија пред 17 часот и веќе се чувствува подобро.
„Разговаравме, и ми рече дека се опоравува. Тој е борец, не се предава лесно“, кажа тој.