
Фото: Janko Ilkovski
Продолжениот викенд го користат голем број македонски граѓани, кои решија одморот да го поминат во Грција.
На границата со Грција беа забележани голем број возила кои чекаат да поминат на грчка страна, а тоа предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
„Рековте сите дека летување во странство не било луксуз. Никој да не писнал“, пишува Јанко.
„Кукаат нема пари, сакале во ЕУ, па во ЕУ земјите нема толку патувања како кај нашиве секој викенд“, пишува друга корисничка на Фејсбук.