
Андреа има само 23 години, но последните пет ги поминала во големи болки поради тешка сообраќајна незгода. Несреќата ѝ го променила животот засекогаш.
ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ, МОЖЕ ДА ДОНИРАТЕ ТУКА (PAVELANDREEEV.ORG)
Таа се здобила со повеќе тешки скршеници на телото, а нејзината нога двапати беше оперирана, но ниту една од операциите не беше успешна.
„Денес, Андреа живее со секојдневни и постојани болки. Не може нормално да се движи, не може самостојно да ги извршува ниту наједноставните обврски. Новите лекарски наоди укажуваат на сериозни оштетувања на коската – толку сериозни што, ако не се направи итна и прецизна операција во странство, постои реална опасност нејзината нога да мора да се ампутира“, се вели во апелот.