
Фото: Принтскрин
Синот на актуелниот американски претседател, Доналд Трамп Џуниор, повторно престојува во Белград, при што ова е неговата втора посета на српската престолнина во рок од еден месец. Синоќа, тој беше почесен гостин на вечера организирана од српскиот претседател Александар Вучиќ.
Трамп Џуниор, кој е извршен потпретседател во американскиот конгломерат Trump Organisation, пристигна во Белград во саботата, а попладнето оствари средба со српски бизнисмени, каде се разговараше за можностите за економска соработка.
Вечерата со Вучиќ, која предизвика големо медиумско внимание, беше најавена преку Инстаграм профилот на српскиот претседател. Вучиќ сподели фотографија со печено свинско месо подготвено за својот гостин, шеговито додавајќи: „Би било глупо да нудиме ракчиња“.