
Љупчо Нешков од Чучер Сандево е самохран татко на три деца. Пред четири години му бил дијагностициран тумор на ‘рбетот. По операцијата останал неподвижен, а сега има потреба од помош за повторно да застане на нозе.
ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ, МОЖЕ ДА ДОНИРАТЕ ТУКА (PAVELANDREEV.ORG)
„Здраво, јас сум Љупчо Нешков од Чучер Сандево – самохран татко на три ангелчиња, за кои сум светот, домот и утехата. Пред четири години, ми беше дијагностициран тумор на ‘рбетот. По операцијата… останав неподвижен. Прикован за кревет. Моите денови се без чекори, без прегратки стоејќи, без можност сам да ги гушнам моите деца.Тие растат… а јас лежам. Гледам како детството им поминува без мене на нозе покрај нив. Без прошетки. Без велосипед. Без да ги носам на училиште.
Мојот најголем страв не е болката. Мојот најголем страв е да не им останам само спомен.Но постои надеж – шанса да се исправам, да ги пречекам моите деца на врата како некогаш. Таа надеж се наоѓа во Рехабилитациониот центар НЕУРОМЕДИК ГРУП ПЛУС во Ниш, Србија, каде што стручни лекари ми нудат можност за подобрување, за повторно движење, за живот достоен за татко“, вели таткото.