
Фото: Маја Р. Крстевска
Пред повеќе од еден месец се случи трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија 62 лица, а над 150 беа повредени.
Загинаа и осум членови на бендот „ДНК“, а еден од нив беше гитаристот Александар Коларов, чија сопруга објави тажна порака.
„Боли секој нов ден, боли овој Велигден. Ти праќам молитва испишана со солзи за да знаеш колку многу болиш. Посакувам да воскресне животот зашто по тебе, не знам ова живот ли е… Мојата велигденска фотографија си ТИ! И секогаш ќе бидеш – ТИ! 🤍 Христос воскресна!“, напиша Маја.
