
Фото: Принтскрин
75-годишен жител на Скопје пријавил исчезнување на своите три малолетни внуки, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Според нивните информации, пријавата е поднесена на 17 април, околу 15:15 часот, во Полициската станица Гази Баба.
Станува збор за три девојчиња К.М. (15), В.М. и И.М. – кои, според пријавата, се оддалечиле од семејниот дом лоциран во скопската населба Ќерамидница.
Откако членовите на семејството забележале дека не се вратиле дома и дека не можат да воспостават контакт со нив, веднаш се обратиле до полицијата.