
Моника има агресивен тумор кој се шири низ целото тело, а болницата не може да ја продолжи терапијата ако не бидат платени трошоците.
ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ ДА ДОНИРАТЕ, ТОА МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ТУКА (PAVELANDREEV.ORG)
Нејезината сестра бара помош од хумани луѓе со цел да ѝ се помогне на Моника.
„Ве молам, помогнете ми! Моја сестра има агресивен тумор кој се шири низ целото тело, а болницата неможе да ја продолжи терапијата ако не ги платиме трошоците. Без вашата помош, нема спас за неа! 💔
Моето срце плаче додека го пишувам ова… Моја сестра е млада, скромна, вредна девојка која го даде својот живот за да ни помогне на семејството. Минатата година, за прв пат замина во Хрватска да работи како чистачка за чесно да заработи, но животот ѝ ја одзеде таа радост.
Пред само неколку месеци, ѝ открија агресивен карцином кој се прошири на жлездите, коските и градите. Лекувањето започна таму, но сега болницата ни постави услов – доколку не обезбедиме 30.000 евра за 6 итни терапии, кои се нејзина единствена шанса за живот, тие нема да можат да продолжат со нејзиното лекување.
Ве молам, замислете да гледате како вашиот единствен брат или сестра страда, а вие ништо не можете да направите. Тоа го живееме секој ден, јас и мајка ми. Таа е мојот единствен член од семејството, немаме татко и немаме на кого да се обратиме освен на вас!
Таа има шанса, но потребни сте ни вие !!!
Докторите тврдат дека овие 6 терапии за 3 месеци ќе го запрат ширењето на канцерот и ќе ѝ ја вратат надежта и животот. Една терапија чини 5.000 евра, а сите заедно се над нашите можности.
Сите заштеди ги потрошивме на претходните терапии, анализи и престои, а сега сме без средства за нејзиното продолжување“, се вели во објавата.