
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, даде изјава во врска со притворањето на член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој е обвинет за „оддавање на службена тајна“.
Тошковски нагласи дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со решителна и неселективна борба против сите форми на криминал, без разлика на позицијата или функцијата на инволвираните лица.
„Да им порачам на сите предавници на родот свој, дека неселективно и бескомрпомисно ќе се бориме против истите. Македонските граѓани заслужуваат полиција која ќе ги штити, а не ќе ги рекетира“, кажа Тошковски.