
Во вечерашното издание на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски, објави дека зголемување на платите на просветните работници е за 7%.
Оваа одлука, според него, е резултат на континуираните заложби за унапредување на статусот и условите за работа на наставниците и останатиот образовен кадар.
„Просветните работници ќе добијат покачување од околу 4000 до 4500 денари, што претставува значаен чекор во подобрувањето на нивниот финансиски статус“, истакна Ралповски.