
Фудбалски легенди од Македонија и Бугарија ќе ги здружат силите во хуманитарен натпревар со цел да помогнат на настраданите од трагичниот пожар во Кочани. Овој хуманитарен спортски настан ќе се одржи на 27 април, под покровителство на бугарската фондација „Национали 94“ и Општина Варна.
Најдобриот стрелец во историјата на македонскиот фудбал, Горан Пандев, ќе го предводи македонскиот тим, додека бугарската репрезентација ќе ја засили фудбалската легенда Христо Стоичков, еден од најдобрите бугарски фудбалери на сите времиња.
Овој натпревар ќе биде повеќе од спортска средба – тој ќе претставува чин на солидарност и поддршка за сите погодени од катастрофалниот пожар. Средствата собрани од продажбата на билети и донациите ќе бидат наменети за лекување на повредените и помош на семејствата на настраданите.