
Ерика и Здравко живеат во планинско село во Македонска Каменица. Тие се млади родители и лица со пречки во развојот, па сега бараат помош за нивното дете.
Тие двајца носат вода од бунар со магаре, јадат само сув леб и пешачат со часови за да стигнат до такси или било каков превоз до градот.
Здраво и Ерика не земаат социјална помош и живеат само од млекото од стоката и скромната пензија на таткото на Здравко.
„И, можеби никогаш немаше да побараат помош и ќе го прифатеа селскиот тежок живот и ќе се мачеа, но сега веќе мора да мислат и на бебето Мила, па Ерика низ солзи ќе рече: Не сакам детето да ми се мачи како јас што сум намачена“, објавија од „Срце на Дланка“.
Видеото може да се погледне ТУКА.
Извор: Срце на Дланка