
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се врши корекција на малопродажните цени на нафтените деривати, со просечно зголемување од 1,84% во однос на претходната одлука донесена на 24 март 2025 година.
Според анализите, референтните цени на нафтените деривати на светските пазари бележат раст во споредба со претходната пресметка, што е главна причина за корекцијата на цените во земјата.
Од 2.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 41,705 (денари/килограм)